Ин Тиме МК БПС ДОО е овластена компанија - изведувач на услугите на UPS - UPS - SCS (Supply Chain Solutions) за Северна Македонија.
UPS-SCS нуди широко портфолио на услуги за логистика и дистрибуција, транспорт на товар, интегрирана логистика, дизајн и планирање на логистички синџири. Логистичката експертиза на UPS се протега надвор од транспортните мрежи и опфаќа поширок синџир на снабдување.
Со овластување на давателот на услуги на UPS - SCS (Supply Chain Solutions) за Северна Македонија, Ин Тиме МК БПС ДОО сака да Ви помогне да дизајнирате и изградите индивидуални решенија за испорака, како и да го извлечете максимумот од нив.
Авионски транспорт до и од било која меѓународна дестинација
Испраќањето на Вашиот товар по воздушен пат е полесно од кога и да е со нашето широко портфолио на глобални услуги за воздушен карго транспорт што точно ги задоволуваат Вашите потреби за време на испорака. Ние ви нудиме можност да ја испраќате и следите Вашата пратка од врата до врата, директно од Вашето биро, користејќи UPS технологии и максимизирајќи ја моќта на целата наша мрежа.
Морски и океански транспорт за цели и групни контејнери
UPS-SCS оперира на сите светските пристаништа, во партнерство со сите главни превозници, нудејќи целосен опсег на FCL и LCL товарни услуги, со услуга од врата до врата и приспособени решенија за вода-воздух со заеднички транспортен документ.
Камионски превоз до и од Европа, Русија и Турција за цели и групни товари
Ин Тиме Мк БПС ДОО организира камионски транспорт за групни пратки и целосни товари од и до кој било град во Европа, опслужувајќи популарни дестинации во Русија и Турција.
Царинско посредување
Иако глобалната трговија го зближи светот, транспотирањето на стоки преку границите на глобалниот пазар станува сè поголем предизвик. Новите безбедносни закани дополнително го комплицираат овој процес. За да бидете успешни, потребен ви е компетентен и доверлив партнер кој ќе го преземе царинскотo посредување, за вас.
Складирање и логистика
Индивидуални решенија кои одговараат на динамиката на глобалните и домашните пазари. Ин Тиме МК БПС ДОО дизајнира и сервисира индивидуални решенија за складирање, дистрибуција и контрола на стоката.