Испорака следниот работен ден во Европа и брза испорака низ целиот свет.

Економична услуга за испорака во претходно одреден ден за неитни пратки до дестинации кои не се членки на ЕУ.

    Достапно за над 200 земји и територии.
  • Идеален избор за помалку итни пратки.
  • Испораката во претходно утврден ден Ви овозможува да планирате однапред.
  • Испорака од врата до врата со царинење.
  • Достапни се и услуги за увоз на стоки. За повеќе информации и за да ги дознаете условите за испорака со услугата UPS EXPEDITED ве молиме контактирајте не директно преку телефон или е мејл.

Во случај на промена на цената на горивото, UPS го задржува правото да наметне или промени доплата на своите стапки за да го одрази соодветното зголемување на директните оперативни трошоци.

Доплатата за гориво се применува за трошоците за испорака и за следните дополнителни услуги: испорака во сабота, испорака и подигање во оддалечени области, достава до дома, доплата за голем пакет, дополнителен надомест за ракување, надомест за пакети над максималните граници.

Определете ја тежината по која се наплаќа цената за курирската услуга.

Определувањето на вкупната, вистинската (реална) тежина на дадена пратка се врши со користење на кој било соодветен мерен уред (вага). Во транспортот покрај вистинскиот се користи и сл. „волуметриска тежина“, која се пресметува според димензиите на пратката (ширина, должина и висина на пакетот).

Стапките за испорака се засноваат на вистинската или волуметриската тежина, кое и да е поголемо.

Одредувањето на волуметриската тежина на вашата пратка се врши на следниов начин:

    Пресметајте го волуменот на пратката

  • Помножете ја должината со ширината и со висината во сантиметри (заокружена до последниот цел сантиметар) на секое пакување.
  • Кога пратката е од повеќе од еден пакет, додадете ги добиените резултати за сите пакети. Оваа сума го претставува вкупниот волумен на пратката.

    Определување на волуметриска тежина:

  • Поделете го волуменот на пратката со 5.000 за да ја одредите волуметриската тежина (во килограми).
  • Заокружете делови од килограм до следниот половина килограм или до следниот цел килограм.

Должина (см) * Ширина (см) * Висина (см) / 5000 = Волуметарска тежина (кг)