Рана утринска испорака за Вашите најитни пратки.
- Испорака до 9:00 часот следниот ден до повеќето деловни адреси во Европа.
- Испорака најрано од 08:00 часот и најдоцна до 9:00 часот на вториот работен ден до повеќето деловни адреси во САД и главните деловни области во Канада.
- Испорака до 9:00 часот на вториот работен ден до главните деловни области во Азија.
Опциите за испорака со оваа многу брза услуга зависат од земјата на испраќање и од дестинацијата. За повеќе информации и за да ги дознаете условите за испорака со услугата UPS EXPRESS PLUS ве молиме контактирајте не директно преку телефон или е мејл.
- Идеална услуга за вашата пратка кога треба да биде испорачана на почетокот на работниот ден.
- Приоритетна обработка на секој чекор по патеката на пратката за да гарантираме испорака.
- Бесплатно пакување на UPS за Ваша лагодност.
Во случај на промена на цената на горивото, UPS го задржува правото да наметне или промени доплата на своите стапки за да го одрази соодветното зголемување на директните оперативни трошоци.
Доплатата за гориво се применува за трошоците за испорака и за следните дополнителни услуги: испорака во сабота, испорака и подигање во оддалечени области, достава до дома, доплата за голем пакет, дополнителен надомест за ракување, надомест за пакети над максималните граници.
Дополнителни услуги
Определете ја тежината по која се наплаќа цената за курирската услуга.
Определувањето на вкупната, вистинската (реална) тежина на дадена пратка се врши со користење на кој било соодветен мерен уред (вага). Во транспортот покрај вистинскиот се користи и сл. „волуметриска тежина“, која се пресметува според димензиите на пратката (ширина, должина и висина на пакетот).
Стапките за испорака се засноваат на вистинската или волуметриската тежина, кое и да е поголемо.
Одредувањето на волуметриската тежина на вашата пратка се врши на следниов начин:
- Помножете ја должината со ширината и со висината во сантиметри (заокружена до последниот цел сантиметар) на секое пакување.
- Кога пратката е од повеќе од еден пакет, додадете ги добиените резултати за сите пакети. Оваа сума го претставува вкупниот волумен на пратката.
- Поделете го волуменот на пратката со 5.000 за да ја одредите волуметриската тежина (во килограми).
- Заокружете делови од килограм до следниот половина килограм или до следниот цел килограм.
Пресметајте го волуменот на пратката
Определување на волуметриска тежина:
Должина (см) * Ширина (см) * Висина (см) / 5000 = Волуметарска тежина (кг)
Соодветното пакување е клучно за успешен транспорт на вашата пратка.
Правилниот избор на пакување е одговорност на испраќачот.
Правилниот избор на пакување е одговорност на испраќачот.Можете да ги прочитате нашите совети за тоа како да ги пакувате вашите пратки овде.
Клучот за квалитетна и навремена испорака е точната и целосна адреса на примачот, лицето за контакт и телефонскиот број.
Можете да повикате курир во сите работни денови користејќи го формуларот „Закажи преземање“ на нашата веб-страница или на телефонски број: 02 313 2222. Барањето за посета на курир за истиот ден се поднесува помеѓу 9:00 и 14:00 часот.
За нашите клиенти кои работат со договори на компанијата, обезбеден е онлајн портал My.intime.mk, каде што можете лесно да креирате товарни сметки, да закажете преземање и да добиете лесен пристап до различни прашања.
ВАЖНО!
Волуметриската тежина на пакетот со неправилна форма се пресметува врз основа на мерената на намалата правоаголна форма на коа ке одговара пакетот.